Ексклузивно: Алијанса надвор од владата, ДПА и Саздовски со СДСМ по изборите

Ексклузивно: Алијанса надвор од владата, ДПА и Саздовски со СДСМ по изборите

Сурија Рашиди и пратеникот кој ќе го наследи Зијадин Села од Алијансата за Албанците нема да бидат дел од парламентарното мнозинство, дознава ексклузивно Ден.мк од извори од мнозинството, a единствен од коалицијата останува Весел Мемеди од НДП. Мнозинството ќе го спасуваат пратениците на ДПА како и Чедомир Саздовски, кој неодамна го напушти ГРОМ на Стевчо Јакимовски и стана независен кандидат. Алијансата на Зијадин Села нема да биде ниту дел од новата Влада, откако Села потпиша договор со БЕСА за вториот круг од локалните избори.

Изворите на Ден.мк велат дека оваа одлука веќе ја донеле лидерот на СДСМ Зоран Заев и првиот интегративец, Али Ахмети, но истото го побарал и Зијадин Села поради се подалечните ставови со владејачкото мнозинство. Пратениците на Села ќе влезат во опозиција, но велат дека нема да соработуваат со ВМРО-ДПМНЕ.

Заев и Ахмети во моментот преговараат кој ќе ги добие министерствата кој остануваат без министри и заменици министри поради оставките за кандидатура на локалните избори, но најверојатно ќе нема поголеми промени, освен Министерството за здравство кое до сега беше водено од Алијансата, а по изборите најверојатно ќе добие министер од редовите на ДУИ.

По фијаското на ВМРО-ДПМНЕ, се очекува неколку партии кои се дел од нивната коалиција да ја напуштат коалицијата и да станат независни пратеници, а подоцна и во владејачкото мнозиство.