Грујевски и Бошкоски не сакале екстрадиција во Македонија, се плашеле за своите животи

Грујевски и Бошкоски не сакале екстрадиција во Македонија, се плашеле за своите животи

Поранешните началници во УБК Горан Грујевски и Никола Бошкоски, кои по синоќешното апсење попладнето дадоа исказ пред истражен судија во Солун, побарале да не бидат екстрадирани во Македонија со тврдење дека стравуваат за својот живот, јавуваат грчките медиуми.

Во распитот, како што пренесуваат грчките медиуми Грујевски и Бошкоски ги отфрлиле сите обвиненија против нив и побарале да не бидат екстрадирани во Македонија, бидејќи доколку бидат вратени во Македонија нивниот живот ќе биде во опасност.

Двајцата се во бегство од 26 јули, кога требаше да бидат спроведени во притвор, но полицијата не ги најде дома.

Македонскиот конзулат во Солун денеска бил известен дека двајцата бегалци биле уапсени поради кршење на член 8381 на грчкиот законик, односно при пасошка контрола биле евидентирани со фалсификат бугарски пасоши и притоа е утврдено дека за нив е распишана медународна потерница од Интерпол по барање на македонското МВР. Двајцата треба утре да се појават во судот во Солун каде ќе им се суди за фалсификуваните пасоши.