Има 99 години и е најпознатата јога инструкторка на светот: “Му се смеам на светот, а тој ми возвраќа со иста мера”

Има 99 години и е најпознатата јога инструкторка на светот: “Му се смеам на светот, а тој ми возвраќа со иста мера”

Тао Парчон Линч има 99 година. Таа е јога мајстор, манакенка, глумица и активистка која шири позитивна енергија низ цел свет. Тао е најстарата инструкторка за јога на светот, а нејзините инспиративни видео – снимки ги следат милиони луѓе.

Тао својата љубов кон јогата ја има уште од своја осма година кога забележала група момци како секојдневно ја практикуваат оваа дисциплина. Таа им пришла и заедно со нив започнала да тренира. Кога ја известила својата тетка, таа не се согласила со нејзиниот избор.

“Тоа не е за девојчиња, туку само за момчиња”, рече таа, но оваа храбра дама не се откажала од својата страст.

Така, Тао речиси повеќе од 70 години, од кои последните 45 најчесто патува низ светот и држи тренинзи.

“Јогата ми помогна во сè што сакав да постигнам во животот. Кога ќе се почувствував како да не можам да се соочам лице в лице со светот, се засолнував во својата темнина. Но, кога вежбав јога целиот свет беше полн со светлина”, вели Тао.

Луѓето патуваат низ целиот свет за да присуствуваат на нејзините часови. Моментално држи тренинзи во Медисон Сквер парк во Њујорк, а заинтересираноста е голема.