ДИК ги одби сите проговори за првиот круг од локалните избори

ДИК ги одби сите проговори за првиот круг од локалните избори

Државната изборна комисија (ДИК) ги одби сите поднесени приговори поднесени за првиот круг од локалните избори што се одржаа во неделата.

Портпаролот на ДИК Љупка Гугучевска за МИА изјави дека седницата завршила утрово и оти се одбиени сите приговори.

До ДИК беа поднесени вкупно 46 приговори од кои 43 имаше поднесено ВМРО-ДПМНЕ, но пред почетокот на вчерашната седница беа повлечени три и еден во текот на седницата. По еден приговор поднесоа и ТМРО, Алијансата на Албанците и Левица.

Против одлуката на ДИК може да се поднесе тужба до Управниот суд, во рок од 24 часа од приемот на решението, а Управниот суд, пак, по приемот на жалбата, должен е да донесе одлука во рок од 48 часа.

Вториот круг на локалните избори ќе се одржи на 29 октомври.