Connect with us

Свет

Лидерите на ЕУ повикуваат темелно да се испита убиството малтешката новинарка

Лидерите од ЕУ ги повикаа малтешките власти, со меѓународна помош, да спроведат темелна истрага за убиството на новинарката Дафне Каруана Галиција.

Во Европскиот парламент следната недела ќе има дебата за прашањето за слободата на медиумите во Малта.

– Ќе ги проучиме сите можности, ќе преземеме секакви мерки за да ја откриеме вистината, изјави вчера малтешкиот премиер Џозеф Мускат, на маргините на самитот на ЕУ во Брисел.

Претседателот на Европарламентот Антонио Тајани соопшти дека го покренал ова прашање на вчерашниот состанок со лидерите на ЕУ.

– Побарав меѓународна истрага за целосно разјаснување, на овој досега невиден, според својата сериозност, настан, истакна Тајани. Тој тврди дека лидерите во голема мера го споделуваат неговото мислење.

Малта вчера информираше дека ФБИ и холандски истражители ќе помогнат за расветлување на случајот.

Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Актуелно