Такса од 10 евра за влез во Европската унија

Такса од 10 евра за влез во Европската унија

Комитетот за човекови права на Европскиот парламент усвои предлог закон, според кој државјаните на земји кои не се членки на Европската унија на кои не им се потребни визи за патување во Шенген зоната, ќе мора да плаќаат по 10 евра за влез.

Овие патници, меѓу кои се очекува да бидат и граѓаните на Македонија, ќе мора да пополнат електронски формулар при влезот во Европската унија, во кој ќе бидат содржани контакт информации и која членка на ЕУ е крајна дестинација на нивното патување.

Вака поднесениот формулар ќе важи три години, со еднократна уплата од 10 евра, од која ќе бидат изземени малолетниците, студентите, научниците и лицата постари од 60 години.

Десетици држави имаат договори за безвизно патување во Европската унија, а парите кои ќе бидат собрани од оваа нова такса ќе се искорисат за системот за гранично обезбедување ЕТИАС, кој треба да профункционира до 2020 година.