Украдени 181.500 денари од казино во Скопје

Украдени 181.500 денари од казино во Скопје

Три маскирани и вооружени лица со огнено оружје извршиле разбојништво во казино на улица Партизански Одреди во Скопје.

Инцидентот се случил вчера, а од казиното разбојниците одзеле 181.500 денари, по што го напуштиле местото на настанот.