Дете во Ниш украло автобус и го возело низ градот, го бркале 10 патроли

Дете во Ниш украло автобус и го возело низ градот, го бркале 10 патроли

Дванаесетгодишно момче од Ниш предизвикало паника во градот откако во полицијата било пријавено дека украло автобус и го возело низ градот, јавуваат српските медиуми.

Засега не е познато како детето успеало да го стартува автобусот и да го вози без да предизвика сообраќаен неред цели шест километри, пред да го запре полицијата.

Според досегашните информации, детето го обило автобусот и влегло преку задната врата. Возачот кој донел патници од Пожаревац го паркирал автобусот и излегол на пауза.

Во полицијата пријавил комунален полицаец кој забележал дека со автобус управува дете. За среќа, целиот настан се случувал во недела, кога во градот има малку сообраќај.

Малолетниот престапник нема да може да одговара пред законот, поради тоа што е кривично неодговорен сè до навршени 14 години живот.

Според неофицијалните сознанија, се работи за дете кое е сместено кај посвоители и не е познато од каде научило да вози автобус.