Нинџа и Кољо требало да им помогнат на Грујевски и Бошковски во бегството

Нинџа и Кољо требало да им помогнат на Грујевски и Бошковски во бегството

Александар Василевски – Нинџа кој беше уапсен па пуштен на денот на изборниот молк заедно со Никола Митревски – Кољо, кој беше во притвор поради учество во толпата за време на крвавиот четврток во Собранието биле логистика во обидот за бегство на двајцата разузнавачи обвинети од СЈО, Горан Грујевски и Никола Бошковски. Информацијата за Ден.мк ја потврдија извори од МВР, кои велат дека тоа било причината Нинџа и Кољо да не можат да влезат во Србија. Планот бил тие преку Србија да одат во Бугарија, а од таму да стигнат во Унгарија за да ги пречекаат Грујевски и Бошковски, по слетувањето во Будимпешта.

Од српското Министерство за внатрешни работи нема одговор дали биле информирани за вклученоста на Василевски и Митревски во обидот за бегство на обвинетите разузнавачи и дали тоа е причината зошто не им бил дозволен влез. Тие се уште се наоѓаат во Бугарија, велат изворите на Ден.мк од МВР и додаваат дека на потег е обвинителството, кое треба да постапи, откако ќе добие известување од МВР за вклученоста на Василевски и Митревски во бегството на Грујевски и Бошковски.