Мадрид започнува постапка за преземање на контрола над Каталонија

Мадрид започнува постапка за преземање на контрола над Каталонија

Денес, премиерот Маријано Рахој ќе свика состанок на кабинетот за активирање на чл. 155 од шпанскиот устав, со кој може да ја одземе автономијата на Каталонија. Тој и овозможува на владата да ја преземе контролата над секоја од седумнаесетте автономни региони, ако тие го прекршат законот. Оваа мерка досега никогаш не била користена, но според Рахој, Каталонија го гази правото со барањето на независност по нелегалниот, според Мадрид, референдум.

Формулацијата е нејасна, но теоретски би му дозволила на Мадрид да ја отпушти локалната администрација и да смести свој тим во неа, да ја преземе контролата врз полицијата и финансиите, и да свика предвремени избори. Ова веројатно ќе го налути регионот, но Рахој ја има поддршката на останатите партии на национално ниво и одби да преговара со лидерот на каталонците Карлес Пучдемон.

Владата тврди дека нема да ја укине автономијата нагло, но ќе воведе специфични барања кон регионалната влада за почитување на законот. Активирањето на чл. 155 ќе потрае неколку дена, бидејќи за него се бара и одобрение од сенатот.

Ако тоа се случи, во Каталонија можат да се организираат нови избори – откако Рахој и социјалистичката опозиција се договориле тие да бидат во јануари. Во интервју за утринскиот блок на телевизијата TVE, поранешниот министер од социјалистите Кармен Калво објасни дека можноста за избори во јануари била разгледана од двете најголеми шпански партии и дека ја има нивната поддршка. Калво е одговорен за преговорите со Рахој по односниот член 155 од Уставот.

Што ќе се случи со Пучдемон?

Премиерот Маријано Рахој и министерот за внатрешни работи Сораја Саенс де Сантамарија нема да ја одземат функцијата на каталонскиот премиер Карлес Пучдемон кој тој го зазема по изборите, ниту ќе назначат нов премиер. Тој ќе остане на функцијата, но ќе биде лишен од поголемиот дел од овластувањата кои ќе им бидат дадени на државата.

Кој ќе владее

Другите министри кои формално го носат насловот „советници“ нема да имаат обврски. Вицепремиерот Ориол Жункерас, кој е задолжен за финансиите на Каталонија, веројатно ќе го изгуби своето место. Парламентот ќе остане распуштен и нема да има „непослушни“ власти.

За времето во кое автономијата на Каталонија е прекината (но не дефинитивно укината, бидејќи тоа, исто така би било во спротивност на Уставот), ќе постои „преодна власт“, која ќе биде врвното политичко тело на чело на областа.

Посебен тим ќе биде формиран од делегати од министерствата во Мадрид, кои ќе го преземат секојдневното управување, следејќи ги инструкциите на владата.

Колку долго ќе продолжи директното управување?

Крајната цел ќе биде што побрзо да се распишат предвремени избори. По изборите, треба да се обнови автономијата. Се уште не е одлучено дали рокот да биде фиксен – три месеци или во документот со кој се известува, да се утврди потребата за што е можно „побрзо“ гласање.

Неопходно е тие да бидат одобрени од Сенатот во следните осум дена или девет дена, иако до сега владата настојувал одлуката да се земе побрзо. Веројатно одлуката во палатата „Монклоа“ (седиштето на владата) е да му се даде на Пучдемон уште време за размислување – време во кое тој може да го претпочита „помалото зло“ и да распише предвремени избори. Тој ќе има право да го стори тоа, бидејќи неговите овластувања нема да бидат одземени пред гласањето во горниот дом.

Има ли Пучдемон алтернативи?

Одрекување од независност или повикување на предвремени избори. Ваквиот потег би бил ризичен поради разочараноста на дел од неговата база дека е претпазлив во прогласувањето на независност, како и поради искуството на други националистички формации во каталонскиот парламент и влада да му одземат иницијативата и да објават дека токму тие го предложиле овој исход.

Во каталонските медиуми се зборува и за можноста Пучдемон да прогласи независност и потоа да свика предвремени избори (наречени од Барселона „основачки“, но сметани од Мадрид за „регионални“) што би го одложило ефектот на декларацијата. Исто така, се дебатира дека тоа ќе биде прифатено од европарламентарците во Барселона.

Сепак, ова е ризично, бидејќи може да ги инкриминира сите оние кои гласале со „да“. Декларација, следена од избори, сепак би ја зајакнала позицијата на Пучдемон пред националистите и истовремено со тоа би ја спасило автономијата на Каталонија.

Извори на „Вангвардија“ од кабинетот велат дека ако Пучдемон експлицитно прогласи независност, Мадрид сепак ќе предизвика некои чекори по чл. 155 – на пример, за контрола на финансиите – дури и да бидат свикани предвремени избори.