Connect with us

Свет

Пет лица повредени во напад со нож во Минхен

Пет лица се полесно повредени денеска во напад со нож на пет различни локации во јужниот германски град Минхен, соопшти германската полиција.

Напаѓачот избегал и во моментов во тек е потрага по него. Нападот се случил во центарот на градот, на плоштадот Розенхајмер. Мотивите за нападот засега не се познати.

Полицијата ги повика луѓето што живеат во близина на плоштадот да останат дома и го опиша напаѓачот како маж на возраст од околу 40 години. Тој избегал од местото на злосторството со црн велосипед.

Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Актуелно