Connect with us

Свет

Изборен молк во Косово

По 30-дневната кампања за локалните избори, на полноќ за Косоварите настапи изборниот молк, пренесе РТС.

Забраната за политичка агитација ќе остане во сила до 19 часот (по локално време) во недела, кога ќе биде објавен крајот на локалните избори во најмладата балканска држава.

Гласањето за градоначалници и општински советници ќе се одржи во 38 општини во Косово. Право на глас имаат околу 1.87 милиони гласачи.

Централната изборна комисија (ЦИК) го потврди учеството на 91 политички субјект на локалните избори – една коалиција, 35 политички партии, 30 граѓански иницијативи и 25 независни кандидати. Изборот ќе се надгледува од околу 32.000 локални и странски набљудувачи.

Државниот обвинител објави дека се преземени сите мерки за веднаш да се одговори на можните проблеми на денот на изборите. Косовската
полицијата разви специфичен акционен план за да обезбеди непречено функционирање на изборниот процес.

Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Актуелно