Бразил: 14-годишно момче убило соученици

Бразил: 14-годишно момче убило соученици

Ученик во приватно училиште во Бразил со пиштол пукал во училницата при што убил двајца соученици, а повредил четворица.

Според сознанијата на бразилската полиција, настанот се случил во реномирано приватно училиште. Тинејџерот се наоѓа во притвор.

Тој е син на полицаец и нападот го извршил со службениот пиштол на неговиот татко. Еден од соучениците кои успеале да избегаат неповредени за полицијата потврдил дека тинејџерот со години бил цел на исмевање на соучениците.

Полицијата утврдила дека ученикот имал доволно муниција за да ги убие сите соученици од класот, а имал намера и да се самоубие. Од намерата успеал да го одврати еден од професорите кој го убедил да го спушти оружјето.