Connect with us

Македонија

Лажна адвокатка мамела граѓани, украла над 120 илјади денари

Скопската полиција поднесе кривична пријава против 42-годишната Ј.И. од Скопје поради основано сомневање дека претставувајќи се како адвокат и мамела граѓани дека ќе им го намали данокот на промет на куќа, а средствата што требало да ги уплати за данокот ги присвојувала.

Од јуни до август 2017 годинапреставувајќи се како адвокат наводно вработена во адвокатска канцеларија како адмистративен службеник, со лажно прикажување и прикривање на факти, измамила лица лажно ветувајќи им дека ќе им го намали данокот на промет за куќа, како и дека ќе изврши уплата за данок на имот за куќа на оштетен. Добиените парични средства за услугите ги потрошила за лична потреба, со што се стекнала со противправна имотна корист во вкупна вредност од 120.600 денари, соопшти МВР.

Актуелно