(ВИДЕО) Апелација пресече: Бомбите ќе бидат доказ за апсењето на Љубе Бошкоски

Апелација ги прифати жалбите на Специјалното јавно обвинителство снимките од прислушуваните разговори да се користат како доказ за случајот „Тортура“.

Обвинителството на Катица Јанева во овој случај ги товари екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, екс командантот на Алфите, Ивица Антевски – Пуи и пет други припадници на Алфи за незаконито постапување при апсењето на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски по изборите во јуни 2011 година.

За овој случај премиерот Зоран Заев како лидер на тогашната опозиција објави „бомба“ во која според него, Мијалков зборува за апсењето на Бошкоски каде вели „Што ти реков јас, од понеделник почнувам да апсам“.