Connect with us

Економија

Утре продолжува Комисијата за финансирање и буџет

Утре ќе продолжи седницата на Комисијата за финансирање и буџет, која без образложение беше одложена од страна на претседателката на Комисијата, Лилјана Кузмановска.

Денеска пратеничката група на СДСМ побара од претседателот на Собранието, Талат Џафери истата да продолжи и обвинија дека Кузмановска со СМС порака ги известила дека нема да има седница на Комисијата.

За комисијата Деловникот на Собранието одредува 10 дена, пет за општа расправа а пет за амандманска расправа. Од СДСМ велат дека Буџетот е еден од поважните документи во државата и за него мора да има соодветна дискусија.

Актуелно