Connect with us

Македонија

ФОТО: Се чистат дивите депонии во Кисела Вода

Општина Кисела Вода во соработка со Град Скопје и градските јавни претпријатија почнаа акција за расчистување на дивите депонии.

Од Општината соопштуваат дека во расчистување на депониите локалната самоуправа вклучила 20 сезонски работници како и механизација, односно два камиони од Општината, два скипа и два камиони од Град Скопје.

Од таму најавуваат дека во понеделник ќе се врши и кастрење на гранките на дрвјата, ќе се собираат паднатите лисја, а ќе се расчситуваат и улиците. Оваа акција ќе се спроведе во сите урбани заедници и во неа ќе бидат вклучени 60 сезонски работници од Општина Кисела Вода, а Град Скопје ќе ангажира привремено 300 невработени лица.

Актуелно