Connect with us

Македонија

(ВИДЕО) Хаос во МНТ, тече од сите страни – Алаѓозовски најави тужби за градителот

Прокиснати тавани со кофи низ целиот Македонски народен театар за да не се поплави – ваква е сликата во театарот по непрекинатиот дожд. Објектот е стар само четири години, а веќе ги има проблемите како објекти кои се изградени пред земјотресот во Скопје.

Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски заедно со в.д. директорот на МНТ, Драган Спасов Дац денеска со медиумите во обиколка на театарот – граѓаните сами да видат на каков начин се градени објектите од „Скопје 2014“.

Министерот Алаѓозовски на прес конференција најави дека изведувачите, надзорните органи и стручните служби ќе треба да понесат одговорност. Откако ќе утврдат кој и зошто не ги извел квалитетно работите, ќе поднесат тужба за сите оние ситуации за каде како што рече, увиделе дека криминалната мрежа на нестручно градење објекти функционирала.

Директорот на МНТ пак, вели дека може да се работи во Македонскиот народен театар, само што се кријат некои работи затоа што се срам што се гледа. Тој кажа дека тече на сцената, а капе и на влезот. Вели, на едно место се собира вода и протекува, а на сцената е директно од покривот.

Министерот Алаѓозовски упати апел до компаниите да помогнат со донации или да интервенираат во институциите.

Актуелно