Connect with us

Македонија

(ВИДЕО) Алаѓозовски: Одговорност за пропустите во градбите од културата во Скопје

Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски ќе бара одговорност за пропустите во градбите од културата во Скопје. Ова го соопшти на прес конференција во Македонскиот народен театар, каде се случи хаос поради дождот.

– Протекува покривот на МНТ. Во Штип во Центарот за култура ни се случи поради силниот ветар и откинување на дел од лимениот покрив. Ситуацијата дополнително се комплицира, затоа што е на крај на фискална година и дури и тендери за итни работи не може да се спроведат до крајот на годината. Новите градби од пред четири години на Македонскиот народен театар и Археолошкиот музеј ги покажуваат истите проблеми заедно со објектите изградени пред 50 или 60 години, изјави Алаѓозоски.

Алаѓозовски истакна дека изведувачите, надзорните органи и стручните служби ќе треба да понесат одговорност.

– Ќе утврдиме кој и зошто не ги извел квалитетно работите и ќе поднесеме тужби за сите оние ситуации каде гледаме дека криминалната мрежа на нестручно градење објекти функционирала, рече Алаѓозоски.

Според в.д директорот на МНТ, Драган Спасов Дац, може да се работи во Македонскиот народен театар, но се кријат некои работи затоа што се срам што се гледа.

– Тече на сцена, капе овде на влезот. Ова е поркиено за да си го сокриеме срамот. На едно место се собира вода и протекува, а на сцената е директно од покривот – рече Дац.

Актуелно