Connect with us

Македонија

Јанкуловска: Ме прислушувале 732 дена

Екс министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска се пожали дека телефонот и бил незаконски следен. Таа кажа дека ако судот ги прифати бомбите како доказ, ќе го наруши принципот на владеење на правото и ќе биде прекршена Европската конвенција за човекови права.

– Обвинителниот акт не е оценет се уште. Телефонот ми бил незаконски следен 732 дена. Сум била следена 17,568 часа, рече Јанкуловска, која е обвинета во случајот на СЈО „Титаник“.

Бидејќи говореше 15 минути, судијката ја опомена Јанкуловска да биде пократка.

Актуелно