Connect with us

Економија

Продолжи комисијата за буџетот, Ковачевски од СДСМ нов претседател откако Кузмановска ја одложи расправата

Без опозицијата, со Васко Ковачевски од СДСМ на чело, продолжи Комисијата за буџет и финансирање откако претседателката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Кузмановска повторно ја одложи расправата.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не доаѓаат ниту на пленарни седници, откако беа приведени 36 лица за крвавиот упад во Собранието, меѓу кои беа и голем дел од нивните членови и шестмина нивни пратеници.

Инаку претседателот на Собранието, Талат Џафери пред да замине на службен пат го овластил Ковачев да претседава со Комисијата ако опозицијата продолжи да опструира.

– Ова беше неизбежен чекор, бидејќи сите сме сведоци дека изминатава недела секојдневно седниците беа закажувани и откажувани, а роковите течат. Наша обврка е да ја запазиме процедурата за усвојување на еден од најважните документи, од кој зависи целокупното функционирање на државата – изјави Ковачевски.

Ги повика пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да дојдат на седницата, а кажа и дека доколку Лилјана Кузмановска одлучи да се вклучи во работата на Комисијата може во секое време да продолжи да претедава со неа.

– За нас како пратеничка група е клучно да има конструктивна и квалитетна дебата за Буџетот – рече пратеникот Ковачевски.

Актуелно