Connect with us

Македонија

Хаки Азири: Немам намера да бегам, вистината за „Монструм“ ќе излезе на виделина

Тројца од обвинетите во случајот „Монструм“ во придружба на адвокатот Насер Рауфи се појавија во Кривичниот суд, каде според решението на Врховен, треба да се јавуваат два пати неделно. Само еден обвинет не беше со нив.

Хаки Азири, еден од обвинетите во „Монструм“ пред медиумите кажа дека очекуваат вистината да излезе на виделина.

– Ние немаме намера да избегаме никаде. Ќе се јавуваме редовно како што е пропишано според законот – изјави Азири.

Тој рече дека не знае кога ќе почне новото судење, бидејќи тоа зависи од судот и адвокатите.

Актуелно