Connect with us

Македонија

Дума: Нема ништо спорно во бонусите, но ќе ги вратам парите

Виолета Дума од Државната изборна комисија не гледа ништо спорно да си поделат бонуси од државните пари. Тие на седница зад затворени врати си го одлучиле тоа.

Дума образложи дека имаат право на надоместок, што според неа значи дека по локалните избори во 2013 ДИК немала законски надоместок за прекувремени работења.

– Нема делник, нема празник, туку оди континуирано без разлика на празник, или кога треба да се работи дали е 24 часот или не. Значи, одлуката е исклучиво согласно законот, вели Дума.

Според неа, бонусите се легални врз основа на трудот кои тие го дале. Таа смета дека вчера биле масакрирани од јавноста иако се било законски.

Дума сепак рече дека парите ќе ги врати во буџетот или ќе ги донира, но сепак повтори дека се е законски и легално. Таа смета дека ги заслужува парите во целост бидејќи многу работела за истите.

Актуелно