Connect with us

Македонија

Субхи Јакупи: Ако нема надоместок, мојот труд не се цени

Членот на Државната изборна комисија, Субхи Јакупи, кој во ДИК е од 2006 година вели дека се наоѓале начини од 2008 година како да бидат исплатени за работата која ја работат, но членот 19 бил дециден дека имаат право на надомест кој ќе го утврди Државната изборна комисија.

– До 2013 година надомест земале сите освен членовите, пртседателот и потпретседатели на ДИК. Во 2013 година по изборите беше формирана работна група за измена и дополнување на Изборниот законик по препораките на ОБСЕ/ОДИХР. По наше барање се измени членот 19. Тој член е основ за одлуката да добиеме надоместок и ние, рече Јакупи.

Според него, ревизијата ќе каже како се применувал членот 19 и многу посоодветно ќе се искажат за финансискиот дел, дали сме постапувале согласно законот.

Јакупи смета дека неговиот труд не се цени ако не го добие надоместокот.

– За време на изборите, не знаевме кога е ноќ, а кога е ден, семејствата не не гледаа. Да не се повторуваат избори како во 2016, работата беше премногу тешка. Има дел кој не бил транспарентен, затоа и денеска јавно дебатираме. Излегува дека сме се криеле за нешто што е легално. Ние бевме за избоите најтранспарентни, вели тој.

Актуелно