Connect with us

Македонија

Јанчев: Инспекторатот ни нареди да исплатиме бонуси заради непреспиени ноќи и прекувремена работа

Генералниот секретар на Државната изборна комисија, Добри Јанчев се пожали дека за никој од комисијата не постоел ниту празник ниу работно време.

– Ние си ја изработивме задачата навремено, професионално чесно. Никого не навредивме ниту пак сакавме да навредиме. Законот не штити како службени работници, рече Јанчев.

Тој додаде дека иснпекторатот утврдил дека работеле подолго од работното време додека траеле изборите и им се наредило да исплатат бонус. Бонусите, објаснува Јанчев ги добиле поради непреспиени ноќи и поради прекувремената работа.

Во зборот му се вмеша претседателот на ДИК, Александар Чичаковски кој кажа дека над 100 лица земале бонус од ДИК, но средствата за изборната администрација овој пат биле од општините.

Актуелно