Connect with us

Свет

Гутерш: ОН е против едностраните дејствија во Ерусалим

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутериш е против какви било еднострани дејствија кон Ерусалим, што можат да го поткопаат решението со двете држави на израелско-палестинскиот конфликт, пренесоа американските медиуми.

-Ние секогаш сме гледале на Ерусалим како на прашање за конечниот статус, кој треба да биде решен со директни преговори меѓу двете земји врз основа на резолуциите на Советот за безбедност, изјави портпаролот на ОН Стефан Дужарик.

Дужарик додаде дека ОН очекува претседателот Трамп официјално да објави дали има намера да ја премести амбасадата на САД во Израел од Тел Авив во Ерусалим – потег што Израел силно го поддржува, а Палестинците се категорично против.

Арапски и муслимански држави предупредија дека таквата одлука или признавање од САД на Ерусалим за главен град на Израел, може да ги поткопа напорите за мир на Блискиот Исток.

Актуелно