Connect with us

Македонија

Груевски: Ваков режим немало ни во 1949

Екс премиерот Никола Груевски се пожали дека во Македонија владеел режим бидеји имало пратеници во притвор.

– Тоа е режим, тоа го нема во демократски држави. Апелирам и до обвинителството и до судството, пред се до Владата, да не прави такви работи. Партијата која со вчера не го вадеше од уста зборот режим, сега претставува режим. Ова го немало во 1949-та. Вакво однесување и постапување со пратениците е невидено, изјави Груевски по одложеното судење за „Траекторија“.

Никола Груевски се пожали дека тие се обвинети за нешто што во минатото, но и сега го правела и Владата на СДСМ.

– Имавме случај кога Владата на СДСМ при градење на хидроцентрала земала кредит од Кина и ја изградила. И сега истото го прават. Ние сме обвинети за нешто што го правеле и тие. Се направивме согласно законите и Парламентот имаше увид за тоа, а за автопатот гласаше и СДСМ, рече Груевски.

Фото: СДК

Актуелно