Connect with us

Македонија

Јанева самостојно ќе одлучува кој ќе биде заштитен сведок и кој ќе добие нов идентитет

Од наредната година и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева ќе може самостојно да носи одлуки кое лице ќе добие статус на заштитен сведок, а дури и ќе може да одлучи дали сведокот ќе добие нов идентитет, пренесува Фокус.

Новата ингеренција на обвинителката Јанева ќе следува откако во Собранието ќе се изгласа Предлог законот за измени и дополнување на Законот за заштитени сведоци. Законските измени веќе се во собраниска процедура, а набрзо и се очекува да стапат на сила, бидејќи за да се изгласаат е потребно поддршка од просто мнозинство.

Според измените, на СЈО му се дава целосна автономија за прашањето за заштитата на сведоци, односно специјалната јавна обвинителка ќе ги има истите овластувања што ги има и Советот за заштита на сведоци. Инаку, мерки за заштита на сведоци се: чување на тајност на идентитетот, обезбедување на лична заштита, промена на живеалиште и промена на идентитет.

Обвинителката Јанева, освен на сведокот, заштита ќе може да му овозможи и на блиско лице на сведокот, односно на неговата сопруга- сопруг, деца или роднина.

Целиот текст на Фокус.

Актуелно