Connect with us

Македонија

(ВИДЕО) Обвинителството го чешла случајот со серијата „Македонија“

Управата за финансиска полиција при Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција поднело кривична пријава против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување од чл. 353 став 5 в.в. став 1 од Кривичниот законик.

„Лицето како раководен субјект на Агенцијата за филм во периодот од октомври 2016 година до септември оваа година, искористувајќи ја својата службена положба и пречекорувајќи ги границите на своето службено овластување го оштетило Буџетот на Република Македонија за износ од 68.000.000 денари. Имено, при постапката за финансирање на Проектот – играна серија „Македонија“, осомниченото лице овозможило Друштвото за филмска и видео продукција „Јадран филм“ ДООЕЛ Скопје да се стекне со противправна имотна корист во погоре наведениот износ, а на штета на Буџетот на Република Македонија“, посочуваат од Обвинителството.

За овој случај Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по известување од Управата за финансиска полиција, минатиот месец отвори предистражна постапка, денешната кривична пријава е земена во работа и по истата се постапува.

Инаку, за серијата „Македонија“ се крена голема прашина откако „Јадран Филм“ добил милионси суми, но од филмот немаше ни трага ни глас. Откако директорот на Агенијата за филм, Горјан Тозија рече дека ќе поднесат тужби и ќе ги бараат парите од серијата назад, од таму пуштија трејлер за филмот и една сцена на Youtube како доказ дека серијата е снимена.

Актуелно