Connect with us

Македонија

Кривични против екс директорот на Фени, екс директорите на МЕПСО, екс директорката на Агенцијата за филм…

Управата за финансиска полиција поднела повеќе кривични пријави. Меѓу оние кои ја злоупотребувале службената положба и овластување се екс директорот на Фени, Јусуф Миракхмедов и екс директорката на Агенцијата за филм, Мими Ѓоргоска Илиевска.

– Кривична пријава е поднесена против Ј.М. директор на Фени индустри поради постоење на сомненија за злоупотреба на положбата и овластување. Тој донел одлука за отпис на незастарени побарувања на Фени која е со невистината содржани кон Уникокм Маркетинг од Дубаи со цел да овозможи противправна имотна корист, при што предизвикал штета од над 51 милион долари“, рече Арафат Муареми, директор на Управата за финансиска полиција.

– Втора пријава против екс директори на МЕПСО. Пријава ја испративме до ОЈО за основано сомнение за злоупотреба на службена положба и овластување против екс директорите во А.Д. МЕПСО, екс директорот К.А., С.В. како тогашен директор за финансии и Н.В. како генерален директор во МЕПСО. Тие од ноември 2016 до август 2017 со неизвршување на работата направиле штета на МЕПСО во износ од над 40 милиони денари. Третата пријава е за Дебарски Бањи Цаба. До ОЈО Гостивар испративме кривична пријава за даночно затајување против А.Р. главен извршен директор. Таа со намера да се стекне со противправна имотна корист за себе во вкупен износ од речиси 600 милиони денари, таа затаила ДДВ од над 25 милиони денари, рече Муамерми на прес конференцијата.

Тој соопшти дека е поднесена и кривична пријава против Мими Ѓоргоска Илиевска, екс директорката на Агенцијата за филм.

– Кривична пријава е поднесена и против поранешната директорката на Агенцијата за филм, М.Ѓ.И. за кривично дело злоупотреба на положбата и овластувањето. Оваа пријава е за серијата „Македонија“ на „Јадран филм“. Се намалиле епизодите од 130 епизоди на 80 епизоди, но во корист на „Јадран Филм“, а на штета на државната каса, рече Муареми.

Актуелно