Connect with us

Македонија

Димовски избран за претседател на ССМ, Грујовски го оцени конгресот како најконтроверзен досега

Досегашниот в.д. престедател на ССМ, Дарко Димовски е избран за нов претседател на Сојузот на синдикати на Македонија.

Тој доби мнозинство гласови откако неговиот противкандидат, Пецо Грујовски од УПОЗ и дел од синдикатите го напуштија конгресот. Тој оцени дека се работи за најконтроверзниот конгрес досега.

– Во оваа прилика немам што да изјавам освен дека изгуби Сојузот на синдикати на Македонија и работници, изјави Грујовски.

Претходно во Охрид се одржа конгрес на кој не се избра претседател бидејќи единствен кандидат беше Димовски.

Актуелно