Connect with us

Македонија

Судење за шамарите: Жерновски денеска ќе сведочи за насилството

Денеска во Кривичниот суд продолжува судењето за шамартие во Центар, а во кој треба да сведочи екс градоначалникот на општината, Андреј Жерновски и уште едно лице оштетено на протестите пред бараките на општината во 2013.

Првообвинет во овој случај на Специјалното јавно обвинителство е екс премиерот Никола Груевски, а обвинети се и екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески и пратеничката Даниела Рангелова.

За овој случај, тогашните советници во Центар Томислав Лазаров и Јордан Ристевски ја признаа вината и двајцата добија условни казни, шест месеци затвор ако во наредните две години не сторат ново кривично дело.

Актуелно