Connect with us

Македонија

Латас забрани да го снимаат во судница

Новинарот Драган Павловиќ Латас и неговата адвокатка на денешното рочиштето за случајот „Тотал“ побараа од судијката да им забрани на новинарите да снимаат пред почетокот на судењето.

Судијката го одобри нивното барање и иако новинарите имаа претходно добиена дозвола дека ќе можат да направат инсерти од судењето, им беше дозволено да ги снимаат само обвинителите на СЈО.

Овој случај на СЈО се однесува на даночно затајување во периодот од 2008 до 2015 година. Латас се товари дека како сопственик и управител на фирмите за маркетинт и конслатинг услуги „Тотал маркетинг“ ДООЕЛ Скопје, „Медиамакс“ и „Тотал Медиа Центар“ ДООЕЛ Скопје давал лажни податоци во завршните сметки за да одбегне плаќање даноци. Фирмите, според обвинението, го оштетиле буџетот за 121 илјада евра, а обвинетиот за 63 илјади евра.

Актуелно