Connect with us

Македонија

Предистражна постапка за Груевски и Мијалков за перење пари во Србија

Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по допрен глас поведе предистражна постапка заради постоење на индиции за сторено кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело од член 273 од Кривичниот законик.

„Предистражната постапка е како резултат на објавените написи од страна на повеќе медиуми во Република Македонија во врска со изјавата на поранешниот српски министер за надворешни работи и претседател на Народната партија во Република Србија, Вук Јеремиќ. Изјавата се однесува на наводно перење пари во Република Србија од страна на високи македонски функционери и нивната поврзаност со физички и правни лица од Србија и Чешка. Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ги презема сите потребни дејствија и координација со институциите надлежни за откривање на овој вид на кривични дела“, информираат од обвинителството.

Инаку, минатата недела претседателот на опозициската Народна партија во Србија, Вук Јеремиќ, побара државните органи да ги истражат врските помеѓу челниците на фирмата што ја купи фабриката во Крагујевац „14 Октомври“ со, како што рече, поранешниот македонски режим. Според него, не се точни тврдењата на СНС дека е пронајден стратешки партнер за „14 Октомври“.

ВМРО-ДПМНЕ веднаш реагираше на натписите и кажа дека не било точно дека Груевски и Мијалков излевале пари во Србија.

Актуелно