Connect with us

Економија

Заврши амандманската расправа, буџетот оди во Влада па на пленарна седница

Заврши амандманската расправа за буџетот за 2018 година. Комисијата за финансирање и буџет прифати шест амандмани, од кои четири се на ВМРО-ДПМНЕ, чии пратеници и денеска не учествуваа во работата на Собранието.

Прифатени се амандманите за субвенции за печки на пелети, ТИР-зоната во Куманово, изградба на колекторски систем во Неготино, решавање на проблемот со депонијата во Струга, изградба на детски парк во Нерези, Општина Карпош.

Пратеникот Хари Локвенец од СДСМ денеска рече дека амандманите на ВМРО-ДПМНЕ се апсурдни, бидејќи од 211 амандмани, 200 се за изградбата на филхармонија.

Предлог буџетот сега се враќа на разгледување на Владата која треба да се произнесе за амандманите, по што се враќа на пленарна седница.

Актуелно