Connect with us

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Во Македонија нема правен систем

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ се пожали дека предистражната постапка по допрен глас во која се опфатени експремиерот Никола Груевски и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков биле доказ дека во Македонија нема правен систем и правда еднаква за сите, туку политички прогон.

„Заев пред неколку месеци најави дека функционери од власта се предмет на истрага, но јавноста уште нема информација кој му ги соопштил тие сознанија на Заев, а органите на прогон кријат за кои случаи станува збор. Странски државјанин излезе со јавно обвинување дека в.д. директорот на Агенцијата за филм Горјан Тозија го рекетирал „Јадран филм“, но постапка околу овој случај не беше покрената по јавно допрен глас. Не беше покрената постапка кога насилници влегуваа со пиштоли или кога отворено се говореше дека криминалци под команда на СДСМ делат поткуп низ државата“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата очекува побрзо изнесување на обвинителството за предистражната постапка за како што велат да можело да се процесуира случајот и против Вук Јеремиќ и против сите медиуми кои според опозицијата ја злоупотребиле оваа изјава заради нарушување на честа и угледот на двајцата братучеди.

Актуелно