Connect with us

Свет

Пукотница во средно училиште во Ново Мексико

Во средното училиште во „Азтек“ во државата Ново Мексико имало пукање и повредени се неколку лица.

Според првичните информации од локалните медиуми има неколку повредени, но не е познат нивниот број ниту сериозноста на повредите.

Според „Си-Ен-Ен“ полицијата го фатила напаѓачот, но не е официјално дали е застрелан или уапсен.

Полицијата го потврдила вооруѓениот напад и наскоро се очекуваат повеќе детали.

Актуелно