Connect with us

Економија

Биткоинот повторно во пораст, вредноста се очекува да достигне и до 40 илјади долари

Биткоинот повторно доживеа раст и достигна до рекордни 15 илјади долари. Голем дел од аналитичарите сметаат дека до крајот на следната година вредноста на оваа криптовалута може да достигне и до 40 илјади долари.

Во текот на минатата недела Биткоинот достигна вредност од 12 илјади долари и со тоа, пазарниот капитал на оваа криптовалута достигна 250 милијарди долари.

Ранакај Раин, еден од инвеститорите ги советува малите вложувачи да не вложуваат повеќе од 1% до 3% расположливи средства во криптовалути. Но, истовремено големите инвеститори ги советуваше да вложуваат помеѓу 5 и 10 % од парите кои ги имаат на располагање и кои планираат да ги инвестираат.

Според него, сите оние кои сакаат допрва да инвестираат во оваа дигитална валута треба да се обидат да ја разберат технологијата и математиката на истата пред да одлучат да се впуштат во играта.

Актуелно