Connect with us

Спорт

Перез до Нејмар: Доколку сакаш „Златна топка“ дојди во Реал Мадрид

Претседателот на фудбалскиот клуб Реал Мадрид, Флорентино Перез упати порака до играчот на ПСЖ, Нејмар, дека Златната топка може да ја добие само доколку дојде во „кралскиот клуб“.

-Реал Мадрид е клуб кој на големите играчи им дава се што им треба. Сите знаат дека еднаш се обидов да го донесам Нејмар во нашиот клуб. Слушам сега дека имал амбиции да биде најдобар. Ако Нејмар сака да ја освои ‘Златната топка’ тогаш треба да дојде во Реал Мадрид, рече Перез.

Тој ја пофали играта на бразилецот при што уште еднаш го повика да дојде во Реал Мадрид. Перез не штедеше пофални зборови ни за Кристијано Роналдо за кој кажа дека среќен што го има во соблекувалната.

-Кристијано е вистински наследник на Алфредо Ди Стефано. Чест е да се има таков фудбалер во своите редови. Живее за фудбалот и сака да биде најдобар на сите времиња, вели Перез.

Актуелно