Connect with us

Спорт

Валдано: Роналдо е најпрофитабилното его во историјата на фудбалот

Легендарниот аргентински фудбалер на Реал Мадрид, Хорхе Валдано изјави дека најдобриот играч на светот Кристијано Роналдо има неверојатна самодоверба што му овозможува да постигнува големи резултати.

– Роналдо е најпрофитабилното его во историјата на фудбалот, има огромна самодоверба, што му дава неверојатна можност за напредок. Мислам дека не е во ред да се критикува овие денови со оглед на тоа што ја доби наградата за најдобар светски играч, изјави Валдано.
Тој смета дека Роналдо има силно его, за разлика од повеќето денешни играчи, кои често се мачат со самодовербата.

Валдано играше за Реал Мадрид во периодот 1984-1987 и освои две титули и два трофеја во Купот на УЕФА, еден шпански куп, додека како тренер во сезоната 1994-1995 стана шампион на Шпанија.

Со Аргентина во 1986 година Валдано го освои Светското првенство, постигнувајќи го одлучувачкиот гол против Германија во финалето.

Актуелно