Connect with us

Спорт

Салах и Гвардиола најдобри за месец ноември во Премиер лигата

Фудбалерот на Ливерпул Мохамед Салах и менаџерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола се добитници на наградите за месец ноември во Премиер лигата.

Салах на четирите натпревари во ноември за Ливерпул постигна седум голови и во моментов со 13 голови е прв стрелец во Премиер лигата.

Гвардиола е вториот менаџер во Премиер лигата што три месеци едноподруго го добива ова признание. Тој беше прогласен за најдобар и во месеците септември и октомври. Пред него „хет-трик“ имаше менаџерот на Челзи Антонио Конте во текот на ланската сезона.

Наградата за најдобар гол во месец ноември му приупадна на Вејн Руни од Евертон, кој на дуелот со Вест Хем ја затресе противничката мрежа од центарот на теренот.

Актуелно