Фолк пејачката Сања Ристеска објави видеозапис за темата „Ќе те полудам“

Фолк пејачката Сања Ристеска го објави новиот видеозапис за песната „Ќе те полудам“ во кој се појавува со целосно изменет изглед кој ги воодушеви обожавателите.

Зад песната „Ќе те полудам“ како автор на музиката, текстот и аранжманот се потпишува Гоце Костоски – Пејак, а истата е снимена во студиото „Про Саунд Студио“.

Видеозаписот е снимен на неколку локации во ултра висока резолуција во продукција на „ИН“, а во него како модел се појавува фитнес тренерот Милош Живковиќ. Шминката, фризурата и комплетниот стајлинг му беа препуштени на артистот Алек Паллада кој се погрижи да ја направи Сања вамп жена која зрачи со својата самодоверба.

Ристеска по промоцијата на новата песна „Ќе те полудам“ заминува на новогодишна турнеја во Америка, а за следната година најавува комплетирање на студиски албум и промоција на уште 5 екстра видеозаписи снимени на тропски дестинации кои ќе бидат вистинско освежување на домашната музичка сцена.