Connect with us

Македонија

(ВИДЕО) Груевски: Во внатрепартиската кампања има се и сешто, Петровски: Ќе ги отворам вратите на палатата за сите

Почна внатрепартиската борба за наследник на Никола Груевски, но како што велат од партијата за Ден.мк во сурови услови за „престолот“. Сопартијците имаат нееднаков пристап до делегатите на конгресот – едни со контакт без проблем, други пак, се обраќаат преку видеа на социјалната мрежа Фејсбук.

Единствениот кандидат кој јавно објави дека ќе ја бара довербата на сопартијците за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Филип Петровски деновиве низ Македонија, на средби со месните комитети каде образложува што ќе направи за партијата.

„Што ќе променам како претседател на ВМРО, 1. Ќе ги отворам вратите на сегашната палата, и ќе ја претворам пповторно во народен штаб на ВМРО (ренген детекторот ќе го извадам уште првиот ден, како и сефовите за мобилни телефони и секој спрат од штабот ќе биде достапен за секој член). 2. Еднаш во неделата ќе имам состаноци со секој општински комитет циркуларно. 3. Ќе иницирам статутарна измена за најмалку три подпретседатели. 4.Генералниот секретар нема да биде безгласна буква и тој нема да има функција во државната власт штом победиме на следните избори, се со цел да биде комплетно посветен на партијата. А, во контекст на целосно демократизирање на партијата, ако претседателот на партијата одлучи да биде претседател на Владата, во сериозна внатрепартиска дебата би ја разгледал можноста во тој случај друг да ја води партијата, или обратно. 5. Во извршниот комитет би ја отворил вратата и за турците, србите, бошњаците и др. 6. Би гостувал во секој медиум и телевизиска дебата. 7. Во првата недела после конгресот ќе го повикам Зоран Заев или било кој од таа врхушка на ТВ дебата каде ќе посакаат и кога ќе посакаат. 8. Во извршниот комитет нема да има место за типови кои во младоста најголемо достигнување било да бидеш член на некоја ШКЊ рап група, профитери, лажни патриоти и амбициозни елитисти и бизнисмени. 9. Ќе основам стратешки институт за истражување и анализи за среден и долг рок за да не ни се случи пак Верушевски, ДЕСОРОСиграчки и војна со амбасади. 10. Лично ќе се заложам десет млади секоја година да бидат стипендирани од партијата и да бидат дел од младинските политички школи во Вашингтон, Лондон и Берлин со десна е републиканска провиненција. 11. Ќе ги укинам скапите и големи митинзи кои се застарена форма на комуникација, напротив вашите домови, дворови и улици ќе бидат моите митинзи“, напиша Петровски.

Во однос на нефер трката, Никола Груевски рече дека во внатрепартиската кампања има се и сешто.

– Јас слушнав дел од тие забелешки и затоа се произнесов на мојата Фејсбук страна. Испратив одредени пораки, после кои што се надевам дека работите се малку потсредени. Има многу заинтересирани, секогаш има и по некој незадоволен. Важно е да се почитуваат, бидејќи после 23 декември ќе треба да соработуваат и да бидат на иста страна, да не ги поведат емоциите, туку разумот. На 23 декември да имаме избор што ќе биде без никаква дамка и од 24 декември натаму со здружени сили партијата да продолжи и што е можно побрзо да се врати на власт, изјави Груевски.

Актуелно