Connect with us

Македонија

(ВИДЕО) Истражна постапка на СЈО за патните трошоци на Силвана Бонева

Специјалното јавно обвинителство денеска отвори седум нови истражни постапки, меѓу кои и „Дурмарина“, каде осомничена е екс пратеничката Силвана Бонева, која се сомничи дека од 2011 до 2015 година доставувала лажни фискални сметки од патарини. Истрагата на СЈО покажала дека Бонева имала сместување во Скопје, а за тој период доставила сметки за патарини за вкупно 843 патувања со сопствено возило.

– Извршената анализа покажува дека ако патувањата би биле реално направени, осомничената би направила 235.928 км, но според доказите таа поминала 133.520 километри, рече Фетаи.

Според истрагата Бонева, која е рекордер во наплатен надомест за службени патувања, на овој начин го оштетила буџетот за 5 973.802 денари или 100.000 евра.

Актуелно