Connect with us

Македонија

Конгресот го раскара ВМРО-ДПМНЕ: Груевски сака набрзина да си донесе негов послушник

Конгресот за избор на нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ направи раскол во партијата на високо ниво. Високите партиски функционери кои имаат лидерски претензии обвинуваат на нефер трка. Извор на Ден од партијата раскажува дека Никола Груевски веќе одбрал лидер по негов терк, онаков каков што ќе може да го контролира од позадина – Христијан Мицковски.

– Набрзина си го намести за генерален секретар на партијата. Се покажа како вистински послушник, а нему тоа му одговара. Формално да се повлече од партијата, а всушност уште да ги „влече конците“ од позадина. Ние внатре побаравме промени одамна, а последицата е видлива – Груевски сам си оди на така наречените протести, вели изворот на Ден.

Повеќето членови на партијата ја очекувале оставката на Груевски, а тоа му го кажале со непослушноста на локалните избори. Функционерот на ВМРО-ДПМНЕ смета дека катастрофалниот резултат меѓу другото е последица од тоа како лидерот ја води партијата веќе некое време, а најмногу откако седнаа во опозициските клупи.

Изворот на Ден вели, изјавите на Груевски и Фејсбук статусите со „молба за транспарентен избор на нов лидер“ се маска пред граѓаните дека тој се обидува нешто да направи, а всушност најголемите притисоци и опструкции за оние кои не му е по мерак да го наследат доаѓаат токму од него.

Денеска триесетина функционери од партијата испратија писмо во кое се сомневаат во транспарентноста за избор на нов лидер. И тие велат, има нетранспарентна постапка и недемократски натпревар, што создаа чувството дека некој набрзина сака да избере однапред предодреден кандидат. Потписници меѓу другите се Илија Димовски, Антонио Милошоски, Трајко Вељановски и Борис Змејковски.

Ова не е прв случај по неотповикливата оставка на Никола Груевски некој сопартиец да се пожали од односот кон него за престојниот конгрес. Официјланиот кандидат за лидер, Филип Петровски веќе почна да се доближува до членството и да објаснува што тој би направил доколку биде избран за нов лидер.

Петровски се пожали на опструкции и закани и како што вели, му било забрането да се доближи до членовите на конгресот.

Актуелно