Connect with us

Македонија

(ВИДЕО) Како Тодоров се правдаше за Визарис на Талевска, случај во кој сега е осомничен од СЈО

„Извона Талевска преку „Визарис“ увезувала медицински апарати“, „Талевска си „лапна“ тендер од Тодоров“, „Мајката на Талевска сопственик на фирмата која увезувала медицински апарати“, „Милиони кај Ивона – Визарис лапна тендер од Тодоров“, беа натписите на медиумите во јануари, кога Петре Шилегов како тогашен портапрол на СДСМ го откри милионскиот скандал на новинарката и тогашниот министер за здравство, Никола Тодоров.

Тодоров неколку дена ги избегнуваше медиумите и не даваше одговор за милионскиот тендер, а тоа конечно го стори на 30.01.2014 година на пратенички прашања одговарајќи на прашањето на Оливер Спасовски, кој во тоа време беше пратеник во Собранието. Тој тогаш кажа дека го раскинал договорот и се правдаше оти не знаел дека е сменета сопственичката структура на фирмата.

-Договорот го поништивме поради нарушување на начелото на совесност и чесност, рече Тодоров во одговорт на прашањето на тогашниот пратеник од СДСМ. Спасовски праша дали тогашниот премиер Никола Груевски ја дал наредбата фирмата да го добие тендерот и дали минатата година заради исплатата на милион евра на, како што рече, неговата омилена уредничка Ивона Талевска морале да бидат исфрлени новинарите и пратениците од собранието за да биде изгласан буџетот.

– Секогаш кога ние ќе увидиме дека има определена работа којашто е спротивна на нашите морални или етички вредности, ние преземаме мерки – тоа е мерката која ја презедовме, го раскинавме договорот. На Визарис не им бил исплатен ниту еден денар, рече тогаш Тодоров.

Вчера, Специјалното јавно обвинителство на прес конференција ја објави истрагата наречена „Рентген“, во која Тодоров е осомничен дека ја злоупотребил службената положба и овластувања при јавна набавка намедициснка опрема и друга опрема за радиолошките служби во 4 здравствени установи во земјава.

Како што рече обвинителката Фатиме Фетаи, постои основано сомнение дека во оваа постапка се фаворизирала една од фирмите, односно, уште пред почетокот на постапката и било овозможено на оваа фирма преку инсајдески информации да ја скенира состојбата во здравствените установи и да изготви студија.

Фетаи рече дека по обелоденувањето на овој случај, Тодоров не прекинал, туку и натаму продолжил со набвката со тоа што иако бил свесен дека треба да ја поништи, не ја спречил, туку склучил договор со второрагираните и со тоа прибавил противпрвна имотна корист за себе од 860.000 евра.

СДСМ како тогашна опозиција објави и прислушуван разговор во кој се споменуваат Визарис и тендерот.

ИТ: Јас така ќе зборам со Бобан и ќе го замолам, ќе му објаснам, господине Петровичу…пошто првите приходи за Визарис нас треба да ни стигнат на крај на 2013та, јас ќе го прашам како можете сега да ме советувате како јас да си ја обезбедам финансиската стабилност на компанијата ако парите се распределуваат вака од причини што цела 2013та Визарис нема да може да функционира… значи ќе го прашам да ме советува, дали има начин, ако он инсистира на тоа, да се иде директно, значи да си идат они директно со Орце тогаш јас ќе го замолам, дообро, значи провизијата којашто се губи за да живее Визарис во Македонија, изнесува толку… дали вие имате друга компанија којашто може да си ги префрли тие пари на сметка на Визарис у Македонија за јас да бидам сигурна дека таа компанија ќе живее… тоа е второто решение што мислам да му го понудам…

ДПЛ: Добро е и тоа …

ИТ: И третото решение што мислев да му го понудам, не мислев да му го понудам него јас рачунам колку пари иам на сметка, 2013та без екстра приходи само од плата можам да ја преживеам, во 2013та на крај милион и 300 ќе легнат на моја сметка на Визарис, а таму сум јас сама…

ДПЛ: После е лесно…

ИТ: Не после они ќе дојдат да ме молат за да ги платат, за да ги платат парите…за јас им ги платам парите.

ДПЛ: Ама битно е да помине тоа со Визарис, уште не е поминато…

ИТ: Значи ќе помине…тоа ќе помине…

ДПЛ: Добро, дај боже.

По објавувањето на вчерашните истраги на Специјалното јавно обвинителство, ВМРО-ДПМНЕ со истиот став – СЈО нема мандат, а истрагите се политички реваншизам.

Сепак, обвинителството на Катица Јанева како што стои во законот има мандат за истраги до 2020 година, но не смее да покренува обвиненија.

Александар Тодески

Актуелно