Connect with us

Македонија

Села по средбата: Заев да стокми позиција „заменик министер за носење бурек“, па истата ќе им ја отстапиме на ДУИ

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села по седбара со премиерот Зоран Заев кажа дека нема да се откаже од Министерството за здравство.

– Остануваме на нашите ставови дека нема да прифатиме позиции кои се токмат преку ноќ за да се омаловажува Алијансата. Му дадов предлог на премиерот да стокми уште една позиција, заменик министер за носење бурек, па таа функција ќе му ја дадеме на ДУИ, рече Села.

Засега, Села останува во Владата, но вели, ако Заев испрати предлог за министер за здравство, Алијансата за Албанците ќе заземе став дали ќе излезе од владата.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети вчера во емисијата Клик Плус рече дека Алијанса за Албанците е несериозна партија која има само двајца пратеници, со што јасно најави дека очекува заминување на Села од владината коалиција.

Односите меѓу Ахмети и Села се заострија за време на локалните избори кога Алијансата влезе во коалиција со БЕСА и жестоко удри по коалиционите партнери во Владата, Заев и Ахмети.

Парламентарното мнозинство не стравува од можното напуштање на Села. Велат, со гласот на Весел Мемеди, двајцата пратеници од ДПА, поддршката од Амди Бајрам кој влегува во коалиција со ДУИ и независниот пратеник, Чедомир Саздовски кој излезе од ГРОМ и од опозициската коалиција, мнозинството е стабилно.

Датумот за избор на новите министри најверојатно ќе биде 25. декември, датум кој го кажа и вицепремиерот Бујар Османи.

Актуелно