Connect with us

Македонија

(ВИДЕО) Вицепремиерско место наместо здравство: Предлозите ставени на маса, Села калкулира

Вицепремиерско место наместо министерството за здравство е понудата која Зијадин Села ја добил од премиерот Зоран Заев на денешната средба во Владата. Премиерот смета дека Венко Филипче е човекот кој треба во свои раце да ги земе големите предизвици во здравството. Села пак, бара негов човек да продолжи онаму каде што застана Арбен Таравари.

Лидерот на Алијансата за Албанците по средбата со премиерот Зоран Заев излезе со тврдење дека му се даваат измислени позиции со цел да остане во Владата, иако како што вели, неговиот министер за здравство, актуелниот градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари покажал одлични резултати.

– Остануваме до нашите ставови дека ќе го држиме министерството за здравство и нема да правиме договри над договори. Договорот за формирање на Влада е направен кога се формираше владата. Додека менаџиравме со здравство менаџиравме со успех и праведно. Ако на некој му пречи успехот треба да излезе и да каже дека во оваа држава имаме проблем ако имаме успешни министри и успешни партии, рече Села.

Ниту Заев ниту Села не очекуваат коалицијата да остане по секоја цена, на тој чекор не е подготвен ниту Ахмети, чија партија останува на ставот дека нема да гласа за министер за здравство од редовите на Алијансата на Села.

По едночасовниот разговор во Владата, се чека „последната понуда“, по која Села ќе одлучи дали ќе омекне и ќе ја прифати понудата од која Заев не отстапува, или пак на негово место во игра ќе влезе Мендух Тачи.

Александар Тодески

Актуелно