Connect with us

Македонија

Мицкоски: Очекуваме успешен избор на нов лидер и побрза реконструкција за да се вратиме на власт

Единствениот кандидат за лидер на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во изјава за медиумите вели дека вчера разговарале за иницијативата за одложување на Конгресот, но по аргументирањето била донесена одлука истиот да се одржи.

– Партијата преку соопштение даде официјален став за тоа што се случуваше. Продолжуваме со тековните активности, очекуваме успешен конгрес, очекуваме да се избере нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ, што побрзо да се реконструираме, да застанеме на нозе и ВМРО-ДПМНЕ да се врати на власт, рече Мицкоски.

Тој рече дека изјавите за притисоци врз делегатите за негов избор на нов лидер биле неаргументирани. Смета дека секој кој сакал можел да биде кандидат доколку ги исполнувал критериумите преку кои можело да се достави кандидатурата.

Инаку, Мицкоски е единтвениот кандидат за лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести

Актуелно