Connect with us

Магазин

Џејмс Нортон е новиот Џејмс Бонд?

Британскиот актер Џејмс Нортон има најголеми шанси да го наследи Даниел Крег во славната франшиза за тајниот агент 007.
По потврдата дека Даниел Крег уште само еднаш ќе го глуми Бонд, почнаа шпекулации за тоа кој ќе бдие новиот шпион. Најголеми шанси засега има Нортон.

Откако блесна во драмата „МекМафија“, актерот стана фаворит во обложувалниците со коефициент три. Тој во сцена од „МекМафија“ излегува од скап автомобил облечен како Бонд, со што уште повеќе ги подгреа сомнежите дека ќе биде новиот 007.

Веднаш зад него е големиот заводник Том Харди, кој стекна слава глумејќи опанси момци. На трето место пак е Идрис Елба.

Петорката на потенцијални кандидати за улогата на агентот кој пие мартини „протресено, не измешано“ се заокружува со Том Хидлстон и Мајкл Фасбендер.

Актуелно